Репрезентацијата на Канада е последниот патник во полуфиналето на Светското кошаркарско првенство.

Канаѓаните не дозволија „балканско“ дерби. Тие во четвртфиналето ја совладаа Словенија со 100-89. 

Првото полувреме мина во израмнета игра.

Со идентичен резултат 26-24 завршија првите два периоди. Првата четвртина им припадна на Канаѓаните, а втората на Словенците, па на полувреме се замина со израмнети 50-50. 

Во второто полувреме. 

Канаѓаните го затворија Лука Дончиќ, кој беше неможен само да ги решава работите во нападот. Тоа резултираше и со втората техничка решка, по што Дончиќ на почетокот на последниот период мораше во соблекувалната. 

Иако се вратија на едноцифрена негатива, сепак Словенците немаа сили за комплетен пресврт. 

Така Канада се избори за место во полуфиналето, во кое за противник ќе ја има репрезентацијата на Србија. 

Претходно, Германците го сторија тоа и тие ќе играат со Американците. 

ЧЕТВРТФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ
денеска
ГЕРМАНИЈА – ЛЕТОНИЈА 81-79
СЛОВЕНИЈА – КАНАДА 89-100
вчера
СРБИЈА – ЛИТВАНИЈА 86-68
САД – ИТАЛИЈА 100-63
ПОЛУФИНАЛЕ
петок (8 септември)
10.45  СРБИЈА – КАНАДА
14.40  САД – ГЕРМАНИЈА
НАТПРЕВАРИ ЗА МЕДАЛ
недела (10 септември)
10.45  за 3-то место
14.40  Финале