На Светското кошаркарско првенство денеска на програмата се два натпревари од четвртфинална рунда.

Веќе ги знаеме првите два полуфиналисти. Тоа се кошаркарите на Србија и САД.

Кои ќе бидат нивни противници ќе дознаеме денеска.

Во првиот натпревар ќе играат досега не поразената Германија и селекцијата на Летонија која е пријатно изненадување меѓу осумте најдобри. Овој натпревар е во претпладневниот термин од 10.45 часот.

Победникот овој натпревар во полуфиналето оди на мегдан на Американците.

Во попладневниот од 14.30 часот ќе се игра последното четвртфинале. Лука Дончиќ и Словенија беа демолирани од Германците во последниот меч. Сепак тоа е зад нив, па сега Дончиќ ќе стори се да ја одведе својата селекција во ТОП 4.

На патот им стои силната репрезентација на Канада кој прикажа многу во фазата по групи. Па, нема да биде некаково изненадување доколку и Канаѓаните се вмешаат во борбата за медали.

Исходот од овој натпревар ќе го чекаат кошаркарите на Србија.

ЧЕТВРТФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ
СРЕДА
10:45 ГЕРМАНИЈА – ЛЕТОНИЈА
14:30 СЛОВЕНИЈА – КАНАДА
ВТОРНИК
СРБИЈА – ЛИТВАНИЈА 86-68
САД – ИТАЛИЈА 100-63

ПОЛУФИНАЛЕ (петок – 8 септември)
СРБИЈА – Словенија / Канада
САД – Германија / Летонија