Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром со пораз ја започна серијата подготвителни натпревари за новата сезона.
На гостувањето во Солун кај Арис, МЗТ загуби со 67-87.
Иако аеродромци одиграа добро три четвртини имаа предност (14-22, 25-13, 19-26), сепак во последната Арис со серијата 11-0 се одлепи. Тоа се покажа како клучно за конечниот епилог на овој натпревар.
Во тимот на МЗТ, најефикасен беше Бојан Крстевски со 12 поени, а двоцифрен беше и новајлијата Седрик Расел кој постигна 10 поени. Дамјан Робев беше стрелец на девет поени, Ијасу Ворку реализира седум, а Андреј Андоноски и Марко Баковиќ уфрлија по шест поени.
Серијата пријателски средби МЗТ ја продолжува во петок, кога ќе го пречека косовскиот тим Пеја.