Македонската одбојкарска репрезентација попладнево ќе го одигра четвртиот натпревар на Европските првенство.
Во дуел од „Ц“ групата чиј домаќин е Скопје, македонските одбојкари за противник ќе ја имаат селекцијата на Холандија.
Станува збор за репрезентација со голема историја во одбојката, која и сега има одлични поединци. „Лалињата“ тоа го потврдија во претходните четири натпревари во кои беа поразени само од топ фаворитот Полска.
И Македонија загуби само од Полјаците, а бевме подобри од Данска и Црна Гора. Сега во дуелот со Холанѓаните, избраниците на селекторот Миленковски ќе бркаат нов триумф и подобар пласман на табелата.
Противникот има три бодови повеќе од нас, но и одиграно еден натпревар повеќе. За нив ова е последниот меч, а напите одбојкари и утре ќе имаат настап.
Победа би значела и исчекор кон второто или третото место на табелата, а со тоа и избегнување на Италија во осминафиналната рунда.
„Противникот е од самиот крем на светската одбојка, но не и не победлив.
Полесно би било да ги победиме нив отколку во Бари да се надигруваме со европскиот шампион и домаќин Италија. Реално, тоа би значел крај на нашиот настап.
Мислам дека со голема поддршка од напите навивачи можеме да се радуваме на победа“,
изјави капитенот Никола Ѓорѓиев.
Натпреварот Македонија – Холандија што ќе почне од 17 часот е првиот на денешната програма во СЦ „Борис Трајковски“.
Во вториот од 20 часот ќе играат Полска и Данска.
ТАБЕЛА – Ц ГРУПА (Скопје)
1. *Полска 9 бодови (9-1 сетови),
2. *Холандија 9 (10-3),
3. *Македонија 6 (6-4),
4. *Чешка 6(6-7),
5. Црна Гора 3 (3-10),
6. Данска 0 (3-12),
* Обезбеден пласман во осминафиналето.