Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе вториот пораз на ЕП чиј ко-дмомаќин е Скопје. Нашите одбојкари се поразени од Холандија со 3:0 во сетови, во натпревар од 4.коло на „Ц“ гртупата.

Без капитенот Никола Ѓорѓиев кој поради повреда на грбот не настапи, немаше што да бараме во овој меч.

Во првиот сет бевме рамноправни до средината кога резултатот беше 11-11.Потоа противникот полека почна да се одлепува, за на крај да го добие сето со 28-19.

На самиот почеток на втор сет Холандија создаде предност која од миг во миг ја зголемуваше. Холандија имаше и двојна разлика водеше со 20-10, но црвено-жолтите се вратија во игра. Со серија 7-0, ја намалија предноста на противникот на 20-17. Сепак немаа доволно сила за комплетен пресврт, па Холандија го дови и тој сет со 25-19.

По овој сет беше повеќе од јасно дека противникот во моментов е подобра репрезентација од нашата, па популарните „лалиња“ го добија и третиот со 25-16 за конечни 3:0 во сетови.

Со овој пораз Македонија сега е на 4.место на табелата со ист број бодови како и Чепка против кој ќе играме утревечер од 20 часот.

Во вториот меч од нашата група, вечерва од 20 часот ќе играат Полска и Данска.