Актуелниот светски шампион Шпанија, нема да може да го брани трофеј. Шпанците останаа без пласман во четвртфиналето на Светското првенство.
Во последниот, воедно и нај интересен натпревар од денешната програма, Канада ја победи Шпанија со 88-85.
Канаѓаните со овој триумф како прво рангирани од „Л“ групата, го обезбедија своето место во четвртфиналето, во кое ќе игра и Летонија.
Шпанија ќе разигрува за пласман и за настап на Олимписките игри во Париз следната година.
Со ова комплетирани се четвртфиналните двојки на Светското првенство.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
ИТАЛИЈА –САД
ГЕРМАНИЈА – ЛЕТОНИЈА
ЛИТВАНИЈА – СРБИЈА
КАНАДА – СЛОВЕНИЈА