Кошаркарите на Србија обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското првенство.
Во натпреварот од осминафиналната „И“ група Србите ја демолираа Доминиканската Република со 33 разлика (112-79).
Од почетокот до крајот Србите ја контролираа играта, а континуирани ја зголемуваа предноста, која во еден миг изнесуваше и 38 разлика.
Србија заврши како второ пласирана, зад Италија кој денеска беше подобра од Порторико.
Сега двете селекции ќе ги чекаат исходот од дуелот за 1.место во „Ј“ групата меѓу САД и Литванија.
Победникот од тој натпревар ќе биде противник на Србија, а поразениот на Италија во четвртфиналето.