Еден од најискусните во нашиот состав, Владо Милев ги сумираше впечатоците по натпреварот со Полска.

Милев нагласи дека Македонија имаше и добри моменти, но сепак Полска е преквалитетна за да дозволи било какво изненадување.

,,Полската репрезентација е составена од врвни професионалци кои влегуваат максимално во секој натпревар без разлика на противникот.

Ние имавме добри моменти, понекогаш и егал, но во клучните моменти нивниот левел на игра беше пресилен и го решаваа во своја корист.

Можеби во одредени моменти можевме повеќе но сепак пруживме добар отпор, и сметам дека со добра игра на следните два натпревари можеме до позитивен резултат”