Репрезентацијата на Литванија славеше победа на САД во дерби дуелот од „Ј“ групата на Светското првенство и го освои првото место.
Литванците им одржаа кошаркарска лекција на Американците, кои на овој Мундијал се далеку од „Дрим тим“.
Освен почетните 2-0 и 4-2, Американците постојано бркаа негатива. Во еден момент од втората четвртина таа изнесуваше и -21 поен.
Иако во завршницата дојдоа и до пет негатива, сепак Американците не успеаја да направат комплетен пресврт. Литванците на крајот славеа со 110-104.
Така Литванија стигна до својата петта победа на првенството и првото место во групата.
Во четвртфиналето, Литванија за противник ќе ја има Србија, додека Американците ќе играат со Италија.
Во овие моменти, Шпанија и Канада решаваат која репрезентација ќе биде последниот патник во четвртфиналето.