Македонската одбојкарска репрезентација ја оствари и втората победа на Европскиот шампионат.
Во прекрасна атмосфера во „Борис Трајковски“ победена е Црна Гора си убедливи 3:0.
Она што е најважно Македонија е до историски пласман во осмина-финалето меѓу 16-те најдобри.
Селекторот Миленковски не ги криеше емоциите и задоволството од оствареното.
„Пресреќен сум. Ова е победа за цела Македонија.
Напорната работа цело лето се исплатеше.
Најважни беа првите два натпревари, победивме, а сега може да уживаме на ова Европско првенство. Утрешниот натпревар со Полска и наредниот со Холандија треба да бидат натпревари во кои само ќе уживаме.
Последниот натпревар со Чешка ќе биде можност за уште едно докажување на сите нас и среќен крај на настапот во Скопје“,
изјави Миленковски.
Утрешниот натпревар против светскиот вице-шампион Полска, ќе се игра во вечерниот термин од 20 часот.