Македонија ја оствари и втората победа на ЕП чиј ко-домаќин е Скопје.
Нашите одбојкари славеа убедлива победа над Црна Гора со 3:0 во сетови и направија голем исчекор кон осмина-финалето.
Црногорците добро го отворија мечот и поведоа со 5-1, по што нашиот селектор Миленковски побараа тајм-аут. Тоа резултираше со 4 врзани поени за израмнување (5-5).
Противникот се држеше до средината на сетот, односно резултат 17-16. Тогаш следуваа четири врзани поени за убедлива предност од 21-16
Се доближи противникот на 24-22, но капитенот Никола Ѓорѓиев сепак донесе водство на жолто-црвените со 1:0 (25-21).
Во вториот сет, повторно Црногорците први се одлепија, поведувајќи со 3-6. На, налик на првиот така и во вториот избраниците на Миленковски го засилија темпото, функционираше блокот, па и овој сет го добија со убедливи 25-18.
Во третиот сет. Нашите одбојкари не им дадоа никаква шанса на гостите. Рано создадоа предност, поведувајќи со 8-4. Црногорците не се откажуваа и дојдоа до -1 (16-17). Но, тоа беше се што сторија.
Во продолжението нашите одбојкари рутински си одработеа, го добија сетот со 25-20, а мечот со 3:0.
Со новите три освоени бодови и вкупно 6, Македонија се израмни со Полска и Холандија, но „лалињата“ веќе одиграа три меча.
Она што е што е по важно е што Чешка веќе има два порази, во три натпревари, по кои остана на три бода.
Утре македонските одбојкари ќе играат против топ фаворитот, светскиот вице-шампион Полска.
Натпреварот ќе се игра во вечерниот термин од 20 часот.