Најдобриот македонски одбојкар и капитен, Никола Ѓоргиев беше задоволен по победата над Црна Гора.
Тој посочи дека најтешкото допрва доаѓа, но Македонија ќе се удри гради во гради со сите.
„Се надевам дека овие шест бода ќе ја одведат нашата селекција во Бари.
За мене сега почнува првенството, сега доаѓа она вистинското. Оваа публика ни дава 30-40% повеќе енергија.
Ова лето се „отепавме“ работа, многу жртвуваме и заслужен ни е успехот.
Да уживаме утре против Полска, па потоа да се „удриме“ гради в гради со Холандија, па да ја избегнеме Италија во осминафиналето.
Верувам дека ќе дојде уште повеќе публика за следните натпревари и ќе успееме да запишеме барем уште една победа. Нема да застанеме и можеби ќе сонуваме за четврт-финале“, изјави капитенот Ѓорѓиев.