По два дена одмор и веќе со едена победа зад нас, македонските одбојкари го продолжуваат настапот на Европското првенство.
Во „скопската – Ц“ група, вечерва Македонија игра против Црна Гора во рамките од 2-то коло.
Ги победивме Данците, а сега на ред се и Црногорците, кои се директен наш ривал за едно од четирите места што водат во четвртфиналето.
Нашиот техничар Филип Деспотовски, смета дека не само што сме поквалитетни од Црногорците, туку може да се победи и Чешка.
„Ние сме поквалитетен противник од Црна Гора. Mногу е важно што тие се втор ривал.
Имавме два дена пауза и сме одморени. Ќе бидеме подобри од натпревар во натпревар.
Јас и пред Европското првенство, реков, зошто да не ја победиме и Чешка“,
изјави Деспотовски.
За успех на Македонија и е потребна победа, а за тоа одбојкарите мораат да имаат и голема поддршка од трибините, во СЦ „Борис Трајковски“.
Тие уште еднаш апелираат, сите да дојдат и заедно да се израдуваат на нова победа за Македонија. 🇲🇰 🇲🇰 🇲🇰
Натпреварот Македонија – Црна Гора ќе започне во 20 часот.