репрезентацијата на Италија славеше важна победа над Србија во првиот денешен натпревар на Светското првенство. 

Предводени од Симоне Фонтекио и неговите 31 поен Италија со 78-76 ја совлада Србија, во натпревар од осминафиналната „И“ група. 

Во еден момент од третата четвртина Србија водеше со -16 (60:44), но исто како и во Еворобаскетот, дозволи голем пресврт, па уште еднаш потклекна пред „азурите“.

Кај Србите, Богдан Богдановиќ постигна 18 поени но шутираше очајно за тројка 1 од 13. 

Со оваа победа Италија остана во игра за едно од двете места што водат во четврт-финалето. 

Во вториот натпревар од оваа група денеска играа Доминиканската Република и Порторико

И група: ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА 6, СРБИЈА 7, ИТАЛИЈА 7, ПОРТОРИКО 5.