Последните четири селекции на женското Европско одбојкарско првенство денеска ќе се борат за место во финалето.
Турција, Србија, Италија и Холандија се селекциите кои ќе ги играат натпреварите во полуфиналната рунда.
Оваа четворка покажа најмногу и сосема заслужено стигна до завршницата во Брисел.
Први на „мегдан“ од 17 часот ќе излезат одбојкарките на Италија и Турција.
Во вечерниот термин од 20.30 часот, за место во финалето ќе се борат Србија и Холандија
Дуелите за медал ќе се играат в недела.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО – ЖЕНИ
ПОЛУФИНАЛЕ (петок)
17.00 ИТАЛИЈА – ТУРЦИЈА
20.30 ХОЛАНДИЈА– СРБИЈА