Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја продолжува серијата на постигнати голови. 

Македонецот беше стрелец за својот тим Абердин во поразот од шведскиот Хакен во плеј-офот за Лигата на Европа.

Миовски од пенал во 55-тата минута намали на 1-2, откако во првиот дел гостите со двата гола на Садик (14 и 44.минута) водеа со 2-0.

Миовски во 62.минута пропушти голема шанса за израмнување. Тоа беше неговиот петти гол во исто толку последователни натпревари. 

По едно одлично додавање кон него, тој изби сам пред противничкиот голман, но биеше сантиметри крај десниот дирек. 

Она што го пропушти Миовски беше казнето на спротивната страна. Повторно во главна улога беше Сенегалецот, Садик врз кого беше направен пенал. Тоа го материјализира Лајуни од белата точка, поставувајќи ги конечните 3-1.

Првиот меч одигран во Шведска, заврши без победник 2-2, па Хакен оди во групната фаза, а Абердин и Миовски ќе продолжат во Конференциската лига.