Повратникот во Првата лига и најтрофеен македонски клуб Вардар, доведе уште едно ново засилување.
Станува збор за 32 годишниот играч од средниот ред Филип Дурански. Тој е седмо засилување за Вардар во летниот преоден рок.
Минатата сезона настапуваше за екипата на Скопје а во својата богата кариера има настапувано за екипите на Работнички, Силекс и Турново.
Дурански во својата кариера во има забележано близу 200 настапи во Првата македонска лига.
Тој е и со интернационално искуство во Славија Прага (Чешка), Севан (Ерменија), Егнатиа (Албанија), Серед (Словачка) и Олимпијакос Никозија (Кипар).