Македонската одбојкарска репрезентација оствари голема победа на отворањето на Европското првенство против селекцијата на Данска со 3:1. И покрај големата победа македонскиот селектор Јошко Миленковски, смирува, посочувајќи дека најважното допрва доаѓа.
„Ова беше еден навистина возбудлив натпревар, но молам без еуфорија.
Затоа што не чека еден клучен натпревар против Црна Гора.
Ние имаме своја цел и мора да ја реализираме. А ќе ја реализираме само со смиреност и трпение“
изјави по натпреварот селекторот Миленковски.
Македонската репрезентација натпреварот со Црна Гора го игра во сабота, натпревар кој може да не однесе во толку посакуваното осминафинале.