Третиот дел н Европското првенство за одбојкари носи еден натпревар. Наи интересниот за македонската спортска јавност.

Репрезентацијата на Македонија со дуелот против Данска вечерва го започнува својот настап не Европскиот шампионат, прв пред домашната публика во Скопје.

За Македонија ова ќе биде трет настап на ЕП. На претходните две не успеа да ја мине првата фаза по групи.

На дебито во Словенија 2019 година, црвено-жолтите забележаа две победи над Белорусија и Словенија со 3-1. На крајот шампионатот го завршевме на 17-тото место.

Две години подоцна (2021) во Тампере, Финска, завршивме на претпоследното 23-тото место, откако во групата ги загубивме сите пет натпревари.

Дуелот меѓу Македонија и Данска што ќе почне од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“, е првиот од групата Ц.

Најдобрите четири селекции од оваа и останатите три групи ќе се пласираат во осминафиналето.

 ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО – РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
ГРУПА „Ц“ – СКОПЈЕ (СЦ „Борис Трајковски“)

30 августСреда МАКЕДОНИЈА          – ДАНСКА 20:00 часот
31 августЧетврток ЦРНА ГОРА               – ХОЛАНДИЈА 17:00
ПОЛСКА                     – ЧЕШКА 20:00
1 септември  Петок ДАНСКА                     – ЧЕШКА 17:00
ХОЛАНДИЈА             – ПОЛСКА 20:00
2 септември   Сабота ХОЛАНДИЈА             – ЧЕШКА 17:00
МАКЕДОНИЈА          – ЦРНА ГОРА 20:00
3 септември Недела ДАНСКА                     – ЦРНА ГОРА 17:00
МАКЕДОНИЈА          – ПОЛСКА 20:00
4 септември Понеделник ДАНСКА                     – ХОЛАНДИЈА 17:00
ЧЕШКА                       – ЦРНА ГОРА 20:00
5 септември Вторник МАКЕДОНИЈА          – ХОЛАНДИЈА 17:00
ПОЛСКА                     – ДАНСКА 20:00
6 септември Среда ЦРНА ГОРА               – ПОЛСКА 17:00
МАКЕДОНИЈА          – ЧЕШКА 20:00

Сите актуелности поврзани со репрезентацијата на Македонија
може да ги следите овде.