Одбојкарките на Холандија се првите кои обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство во женска конкуренција.

Во првиот дуел од четвртфиналната рунда, одигран во Фиренца, селекција на Холандија славеше убедливо над Бугарија во три сета.

Доминацијата Холанѓанките ја потврдија со само 43-те загубени поени (11, 13 и 19), не давајќи им ниту тронка надеж на Бугарките.

Сека Холандија ќе го чека исходот од последниот четвртфинален меч меѓу Србија и Чешка закажан за утре во Брисел. Таму ќе се играат и Турција – Полска, а вечерва во Фиренца за полуфинале ќе се борат домаќинот Италија и Франција,

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (ЖЕНИ) – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Фиренца (денеска – четврток)
ХОЛАНДИЈА – БУГАРИЈА 3-0
21.00 ИТАЛИЈА – ФРАНЦИЈА
Брисел (утре – среда)
17.00 ТУРЦИЈА – ПОЛСКА
20.00 СРБИЈА – ЧЕШКА

ПОЛУФИНАЛЕ (1 септември во Брисел)
Италија / Франција – Турција / Полска
ХОЛАНДИЈА– Србија / Чешка

Финале и меч за 3 место (3 септември во Брисел)