Кошаркарите на Србија го обезбедија својот пласман во осминафиналето на кошаркарскиот Мундијал.

Србите во „дербито“ од 2.коло на „Б“ групата го совладаа Порторико со 94-77.

Уште по првото полувреме кои го добија со 30 разлика Србите го најавија триумфот.

Сепак Порторико не се предаваше па дојде и на -10. Но тоа беше се што можеше да направи оваа селекција која го претрпе првиот пораз на првенството.

Четворица кошаркари во победничката репрезентација постигнаа двоцифрен број на поени. Богдан Богдановиќ и младиот Никола Јовиќ завршија со по 17 поени.

Порториканците во последното коло ќе играат против веќе отпишаната Кина. Србија за противник ќе го има Јужен Судан.