Три од четирите досега завршени натпревари на Светското првенство завршија со победа на африканските репрезентации.

Најубедливи беа кошаркарите од Јужен Судан кои со 20 разлика (89-69) ја победија Кина предводена од Александар Ѓорѓевиќ. Со овој пораз (втор) Кинезите и теоретски ги загубија шансите за пласман во нокаут рундата. 

Во интересни натпревари, победи остварија и Зеленортската република и Брегот на Слоновата коска, со што останаа во игра за осминафиналето. 

Зеленортската република славеше над Венецуала со 81-75, а Брегот на Слоновата коска го победи Иран со 71-67. 

Нај неизвесниот натпревар сепак го одиграа Нов Зеланд и Јордан. Победникот беше решен по продолжението, а Нов Зеланд славеше со 95-87.

Во тек е дуелот меѓу Словенија и Грузија, а за неколку минути стартува и средбата Србија – Доминиканска Република. 

Четвртиот ден на Мундобаскет ќе биде заокружен со средбите Грција – Сад и Шпанија – Бразил.