Во Првата македонска фудбалска лига попладнево ќе се играат пет натпревари од петтото коло.
Лидерот на табелата и перфектна до сега струмичка Брера ќе гостува во Штип кај Брегалница, која пред својата публика забележа две победи.
И тетовска Шкендија сака да остане перфектна. За тоа тетовци ќе мораат да го совладаат Работнички на дуелот во Маџари.
Интересно се очекува да биде и во Кавадарци каде Тиквеш го пречекува новиот прволигаш Воска спорт.
Во дуелот на двата тима кои започнаа променливо, во Кратово Силекс го пречекува составот на Македонија Ѓорче Петров.
Последниот денешен натпревар ќе се игра во Чаир, каде кај Шкупи гостува новиот прволигаш Гостивар.
Поради настапот на македонскиот првак во Конференциската лига, дуелот Струга ТЛ – Вардар е закажан дури за 1 октомври.
Сите денешни натпревари ќе започнат од 16 часот.
ПМФЛ – 5.КОЛО (од 16 часот)
недела
БРЕГАЛНИЦА – БРЕРА СТРУМИЦА
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ
ШКУПИ – ГОСТИВАР
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
1 октомври
СТРУГА ТЛ – ВАРДАР