Репрезентацијата на Италија е поразена од Доминиканската Република во натпревар од 2.коло на Светското првенство.
Азурите загубија со 82-87 во дуелот кој директно решава за 1.место во „А“ групата. Италијанците важеа за фаворити, но тешко им одеше во текот на целиот натпревар. Исфрустриран од лошиот тек на натпреварот, како и неколкуте лоши одлуки на судиите, селекторот Џанмарко Поцеко го чинеа исклучување во првиот дел.
На, паузата Поцеко ги чека судиите во тунелот, но не дојде до контакт бидејќи реагираше обезбедувањето.
По овој пораз Италијанците во следната рунда ќе мора да ја победат домашната селекција на Филипини за да обезбедат пласман во нокаут фазата.
Во првото дерби од денешната програма, Германија ја победи Австралија. Во неизвесен натпревар Германците, предводени од Денис Шрудер славеа со 85-82.
Црна Гора ја оствари втората победа совладувајќи го Либан со 89-74, додека Канада го демолира Либан со 55 разлика 128-73.