Втор ден натпревари на Светското кошаркарско првенство. Денеска на програмата се натпреварите од 1.коло во групите, Б, Ц, Ф и Х.
Од фаворитите, своите први настапи денеска ќе ги имаат, Словенија, Србија, САД и Шпанија.
Лука Дончиќ ќе ги предводи Словенците во дуелот со Венецуела, која традиционално знаела да направи проблеми на фаворитите.
Србите на Мундобаскет отпатуваа без првата ѕвезда Никола Јокиќ, но како и секогаш се со амбиции за висок пласман. Тие денеска започнуваат со Кина, која пред шест дена на турнирот во Шангај ја совладаа убедливо со 23 разлика.
Актуелните светски шампони Шпанците не би требало да имаат проблеми во дуелот со селекцијата на Брегот на Слонова коска.
Истото важи и за Американците иако тие на ова првенство се далеку од така-наречен „Дрим тим“, но секогаш важат за фаворити за самиот врв. Тие започнуваат со дуелот против Нов Зеланд.
Можеби
26.АВГУСТ (САБОТА)
10.00 Јужен Судан – Порторико (група Б)
10.00 Девствени Острови – Грузија (група Ф)
10.45 Јордан – Грција (група Ц)
11.45 Иран – Бразил (група Г)
13.30 Словенија – Венецуела (група Ф)
14.00 Србија – Кина (група Б)
14.40 САД – Нов Зеланд (група Ц)
15.30 Шпанија – Брегот на Слонова коска (група Г)