Завршија два од предвидените четири натпревари на последниот ден на меѓународниот турнир во Охрид.
Во македонската пресметка екипата на Голден Арт го доби скопскиот ривал Бутел. Натпреварот за седмата позиција во конечниот поредок заврши со победа на Голден Арт со 21:18. Иако првото полувреме им припадна на битолчани со 13:9 сепак во вториот дел далеко подобра игра на Голден Арт кој на крајот завршува како седмо рангира,
Во натпреварот за 5.место, српската Металопластика го победи турскиот Бешикташ со 32:29.
Остануваа да се одиграат уште два натпревари. Во попладневниот терми (18 часот), домаќинот Охрид за третото место ќе се надигрува со словачкиот Татран Прешов.
Во финалето е закажано за 20.15 часот, за трофејот ќе се борат македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и грчкиот Олимпијакос.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (кликни на линкот)