Македонскиот првак Струга Трим Лум го делат два чекори од историски пласман во групната фаза во Конференциската лига.

Стружани за тоа ќе треба да го минат исландскиот претставник Брејдаблик, во последната плејоф елиминациска рунда.

Во редовите на Струга ТЛ владее оптимизам и верба дека „сонот“ е остварлив.

„Ова е извонредно достигнување за Струга ТЛ да игра во „плеј-оф“ фазата, би рекол непредвидливо, но целосно заслужено со она што го даде тимот на сите овие 6 европски натпревари. Веќе сме во фаза, би рекол уште поважна, ни претстојат два меча да се пласираме групната фаза. Ќе се обидеме да дадеме максимум. Подготвени сме и се надеваме дека ќе одиме понатаму“, изјави тренерот Шпетим Дуро.

Се очекува стружани да имаат и голема поддршка од своите симпатизери бидејќи првиот дуел го играат во соседниот Охрид.

Денешниот натпреварот меѓу струга ТЛ и Брејдаблик ќе се игра на стадионот „Билјанини Извори“, со почеток од 17 часот.