Репрезентацијата на Црна Гора ќе биде вториот противник на Македонија на претстојното Европско првенство за одбојкари.
Додека нашите одбојкари ги завршија своите контролни натпревари, Црногорците вчера и денеска одиграа со Јапонија.
Иако Јапонија на европската турнеја е со својот „Б“ тим сепак азискиот престанок се покажа како силен противник. Нас „самураите“ не поразија два пати. Во Струмица со 3:2, во Скопје со 3:0.
Црногорците минаа и полошо. Вчерашниот меч го загубија со 3:0 (18:25, 20:25, 16:25), а денешниот со 3:1 (23:25, 25:23, 26:24, 21:25).
Ова беше последната контрола за Црногорците пред почетокот на ЕП. Тие во првата рунда во Скопје, ќе играат против Холандија на 31 август, а ден порано (30 август) Македонија и Данска ќе ги отворат дуелите до „Ц“ групата.