Три натпревари се одиграа вечерва во последната плејоф рунда за пласман во групната фаза на Лигата на шампионите.
Најефикaсниот натпревар се одигра во Норвешка, каде дуелот меѓу Молде и Галатасарај заврши 2-3 за гостите од Турција.
Во првиот дел беа постигнати три гола. Домаќините поведоа уште во 8.минута со голот на Елингсен.
Следуваше комплетен пресврт. Во 25.минута по слободниот удар на Оливеира, топката закачки еден од фудбалерите во живиот ѕид и го измами домашниот голман. само четири минути подоцна Мауро Икарди на ефектен начин му донесе пресност на турскиот тим.
Паузата добро им дојде на домаќините. Почетниот притисок се исплатеше и веќе во 56-тата минута Хауген го израмни резултатот на 2-2. Домашните фудбалери имаа повеќе од играат се обидуваа и создаваа шанси за трет гол, но тоа не вроди со плод.
Следуваше казната на спротивната страна и тоа во третата минута од судиското дополнение. По асистенцијата на Икарди токму Норвежанецот, Фредрик Мидцјо му донесе победа на Галатасарај со 3-2.
Во Португалија. Брага ја искористи предноста на домашниот терен и го совлада Панатинаикос со 2-1. Домаќините со головите на Руис (51) и Џало (73) имаа два гола предност се до самиот финиш. Се играше 90-тата минута кога Аргентинецот, Даиел Манцини намали на 1-2, за надеш на грчкиот тим во реваншот.
А, интересен ќе биде и реваншот во Швајцарија бидејќи во Хаифа, Макаби и Јанг Бојс на првата средба одиграа без голови.
Овие екипи своите реванш натпревари ќе ги играат веќе во вторник (29-ти), додека последните патници во групната фаза ќе ги дознаеме во среда (30 август)
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ПЛЕЈОФ (прв натпревар)
среда
БРАГА (Португалија) – ПАНАТИНАИКОС (Грција) 2-1
МАКАБИ ХАИФА (Израел) – ЈАНГ БОЈС (Швајцарија) 0-0
МОЛДЕ (Норвешка) – ГАЛАТАСАРАЈ (Турција) 2-3
вторник
АНТВЕРПЕН (Белгија) – АЕК (Грција) 1-0
РАКОВ (Полска) – КОПЕНХАГЕН (Денска) 0-1
Г. РЕНЏЕРС (Шкотска) – ПСВ (Холандија) 2-2