Нова доминација на италијанскиот мотоциклист од Дукати, Франческо Бањаја овојпат и на трката во Австрија.
Бањаја со оваа победа уште повеќе ја зголеми предноста во генералниот пласман кај возачите и направи уште еден голем чекор кон шампионската титула во „кралската класа“, а воедно и одбрана на титулата.
Откако ја освои пол позицијата и спринт трката, во уште една соло трка која ја започна на стартот успеа да стигне до петатта победа во сезоната.
Бред Биндер со својот Ред Бул КТМ стигна до второто место, а трет заврши Марко Бецеки од ВР46. Успехот на тимот на Валентино Роси го надополни Лука Марини со четвртото место.
Пласман меѓу првите десет изборија Алекс Маркез, Вињалес, Мартин, Квартараро, Алеиш Еспаргаро, Бастијанини.
Во генералниот пласман Бањаја има 251 бод, 62 повеќе од возачот на Прамак Дукати Хорхе Мартин со 189. Трет е Бецеки со 183 бода.
Следната трка се вози за две недели на 3-ти септември кога на програмата е 11-тата трка од Мото ГП шампионатот.
До крајот на сезоната остануваат да се возат уште 10.трки.