Македонскиот првак Струга Трим Лум го делат два натпревари од место во групната фаза на Конференциската лига.

Последна пречка за тоа на Струга ТЛ ќе биде исландскиот тим Брејдаблик. Стружани ќе може да сметаат и на својата верна публика, бидејќи првиот натпревар ќе го играат како домаќини во соседен Охрид.

Премалку од ФФМ ја потврдија оваа информација на својата официјална веб страна.

„До Фудбалската Федерација на Македонија пред малку стигна потврда од УЕФА, дека стадиони „Билјанини Извори” во Охрид ќе биде домаќин на плејоф натпреварот Струга Трим Лум – Брејдаблик од Исланд за пласман во групна фаза од Лигата на Конференции.

Поради ова одлука, натпреварувачката комисија на ФФМ е принудена да го презакаже дуелот од 2-та коло на 2МФЛ меѓу Охрид Лихнидос и Караорман за 30-ти август.

Одлуката е донесена со цел да се создадат сите неопходни услови на стадионот за организацијата на натпревар од УЕФА натпреварување, а тука првенствоно се мисли на заштита на тревникот на Билјанини Извори.

Се надеваме дека доцната принудна промена на вистински начин ќе ја разберат двете екипи од Втора Лига, кој својот натпревар требаше да го одиграат утре и ќе бидат поддршка за македонскиот првак Струга Трим Лум во намерата да обезбеди историски пласман во УЕФА групно натпреварување“.

Според најавата на УЕФА, првиот натпревар Струга ТЛ – Брејдаблик ќе се игра во четврток 24 август. Реваншот е седум дена подоцна во Исланд.