Екипата на Струга Трим Лум вечерва ќе го игра реванш натпреварот од квалификациите за Конференциската лига против Есперанж. 

Македонскиот првак на гостувањето во Луксембург замина со предност од 3:1 остварена на првиот натпревар во Скопје. 

Двата гола позитива треба да бидат голема предност за стружани кои се многу блиску до плеј-оф рундата, но и групната фаза. 

Имено доколку Струга ТЛ го мине Есперанж, во последната квалификациска рунда би имал противник по мерка. 

Како стојат работите тоа би бил исландскиот тим  Брејдаблик кој е пред елиминација во 3.коло  за Лига Европа. Исланѓаните загубија убедливо со 6:2 во првото соочување со Зрињски, па само чудо може да го елиминира босанскиот тим плеј-офот. 

Но. Прво Струга треба да си ја заври својата работа и да го потврди пласманот во плеј-офот. 

Натпреварот Есперанж – Струга Трим Лим ќе се игра вечерва од 20 часот.