Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, наскоро треба да ги почне подготовките за на новата сезона. Но, аеродромци веќе го знаат редоследот на контролните натпревари.

Аеродромци кои и годинава покрај обврските во домашното првенство ќе играат и во АБА 2 лигата.

Со водно изменет состав во однос на ланскиот, сино-белите контролите ќе почнат со гостување во Солун кај Арис.

Потоа ќе следуваат три натпревари во „Јане Сандански“. Во првиот ќе го угостат бугарски Рилски спортист, а потоа и косовскиот состав Пеја.

На крајот следува двомеч со екипата на Гостивар.