Македонската ракометна репрезентативка, Леонида Гичевска го напушти хватскиот тим Локомотива Загреб, и до крајот на сезоната ќе настапува за четирикратниот француски шампион, Безансон.

За Леонида, ова е враќање во Францускиот ракомет кој и е добро познат со оглед на тоа дека претходно настапуваше за Самбре-Авесноа и Ле Пузин.

Леонида е задоволна од трансферот, а играњето за таков славен тим е секогаш предизвик и мотивација.

„Среќна сум што пристигнав во Безансон. Тоа е клуб со долга и убава историја и со високи цели. Игра константно добро во француската лига и во Европската лига на ЕХФ. Од моја страна, големо е задоволството да играм за Безансон и да му помогнам на тимот најдобро што можам“, изјави Гичевска по претставувањето.

Раководството на Безансон има големи очекувања од Леопнида, а со оглед на големиот број  повредени ракометарки, Гичевска треба да биде една од носителките на игра.