Машката македонска одбојкарска репрезентација го претрпе и вториот пораз во подготвителниот период за ЕП чиј ко-домаќин ќе биде Скопје.
На мини турнирот во Кавадарци, македонските одбојкари денеска се поразени од Израел со убедливи 3:0 во сетови.
Израелците кои пред три дена ги победивме со голем пресврт во првиот меѓусебен меч, денеска не надиграа.
Првиот сет го добија убедливо со 25-15-25, а во следните два се водеше голема борба. Вториот заврши со 25-23, а третиот со 25-22 за Израел.
македонските одбојкари се враќаат во својата „база„ во Скопје, а по едно дневниот одмор следуваат нови контроли.
Според однапред планираното и објавеното, во вторник и среда (15 и 16 август) македонските одбојкари треба да одиграат нови два меча со Јапонците од кои во Кавадарци загубија со 2-3.
До стартот на Европскиот шампонот во Скопје, закажан за 30 август, напите одбојкари ги очекува и настап на турнирот „Чајка“ на кој ќе играат и Египет, Грција и Јапонија.