Младата кошаркарска селекција на Македонија утринава ќе го одигра последниот натпревар на ЕП за кошаркари до 16 години во Скопје.
По стартниот триумф, и петте врзани порази во низа, македонските кадети ќе се обидат со нова победа да го избегнат последното на првенството.
Противник во дуелот за 15-то место е селекцијата на Белгија која е единствената над која црвено-жолтите славеа победа (63-57).
Натпреварот Македонија – Белгија започнува од 11 часот, а можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.