Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи.
Тетовката на ИТФ фјучрсот што се игра во Осијек, Хрватска а за награден фонд од 25 илјади долари, се пласира во финалето.
Лина по голема борба ја победи во два сета 21-годишната Романка, Илинка Далина Амариеи.
Тежок беше патот до финалето. Во првиот сет беа одиграни 12 гема, а Ѓорческа го доби сето со 7:5. И вториот налик на првиот. Но, овојпат тетовката нешто побрзо ја заврши работата со 6:4.
Утре, во финале Ѓорческа ќе игра против подобрата од мечот меѓу Анка Алексија Тодони и Тена Лукас.