Македонските одбојкари загубија од Јапонија со 3-2 во денешниот пријателски натпревар во салата “Јасмин” во Кавадарци.
По триумфите над Романија и над Израел, ова беше прв пораз во подготвителниот период за ЕП во Скопје.
Првиот сет го доби ривалот со 25:23, во вториот бевме доминантни со 25:17.
Во третиот се водеше најголема борба, а ја добија нашите одбојкари со 32:30, за водство од 2-1.
„Самураите“ не се предадоа па го добија четвртиот сет со со 25:23, за израмнување на 2-2.
И во решавачкиот пети сет иста слика на теренот. Борба за секој поен, но посреќни на крајот излегоа гостите. Јапонија го доби сетот со 15:13, а со тоа и мечот со 3-2.
Утре, нашите одбојкари имаат слободен ден. Но, на турнирот ќе играат Јапонците и Израелците против кои в недела, Македонија ќе одигра уште еден меч.