Младата машка репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра последниот натпревар на Светското првенство за ракометари до 19 години во Хрватска.
По вчерашната голема победа над Унгарците, кои имаа „апетити“ за највисок пласман на Мундијалот, денеска на ред е Чешка.
Чесите се изборија за овој дуел со црвено-жолтите совладувајќи ја селекцијата на Саудиска Арабија со 36-33.
Така, Македонија и Чешка, вечерва во ќе разигруваат за 9-тото место во конечниот поредок на Мундијалот што брои 32 селекции.
Натпреварот ќе започне од 20 часот, а истиот ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.