Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи.
Тетовката на ИТФ фјучрсот што се игра во Осијек, Хрватска а за награден фонд од 25 илјади долари, се пласира во полуфиналето.
Лина немаше никакви проблеми да ја потврди улогата на прва фаворитка на овој турнир.
Таа во четврт-финалната рунда за противничка ја имаше Русинката, Викторија Кан. Нашата тенисерка експресно ги доби двата сета, препуштајќи и по два гема на противничката со 6-2 и 6-2.
На патот на Ѓорческа до финале и стои младата 21-годишната Илинка Далина Амариеи против која ќе игра утре во полуфиналето.