Во Кавадарци вечерва продолжуваат натпреварите на „мини“ одбојкарскиот турнир на кој покрај македонската, настапуваат и селекциите на Израел и Јапонија.
По вчерашната голема победа со пресврт над Израелците со 3:2, вечерва македонските одбојкари играат против Јапонија.
Вчерашниот меч со Израелците беа одлиен показател за избраниците на селекторот Миленковски, за слабостите, но и добрите страни.
Она што секако е позитивно од тој натпревар е големиот пресврт и „кам бек“ по негативата од 0:2 во сетови.
Македонските одбојкари покажаа карактер, но ќе мора да се коригираат и одредени слабости, како што подобро подготвени би го дочекале европското во Скопје.
Јапонците се одличен спаринг партнер за тоа. Затоа и вечерва од 20 часот во салата „Јасмин“ се очекува уште еден интересен меч.