Голем хаос и сериозни инциденти се случија вечерва во главниот град на Грција, Атина. Ова доаѓа како увертира на утрешниот натпревар од 3.коло во квалификациите за Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо Загреб .
Дел од навивачите на Динамо се упатија кон Грција, иако јасно им беше нагласено дека на овој меч нема да има гостински симпатизери. Околу 200 од нив направија огромен хаос.
Судирот се случил во населбата Неа Филадели. „Бед Блу Бојс“ кои се нашле во просторот на стадионот и почнале да удираат секого и се што ќе им се најде на патот. Грчките медиуми јавуваат дека има повредени.
Полицијата интервенирала и успеала да спречи хаосот дополнително да се прошири, а навивачите во еден момент се обидела да влезат на самиот стадион каде ги затекнаа вратите затворени. Неофицијално има и 20-тина уапсени навивачи за загрепскиот тим.
По ова околу стадионот на АЕК стојат силни полициски сили.
Едно лице заврши со тешки повреди во болница. Низ Атина се проширија гласини дека „Бед Блу Бојс“ се организирале со навивачите на Панатинаикос и ги изненадиле приврзаниците на АЕК.
Во градот владее голема несигурност и извесно е дека ќе има понатамошни акции на полицијата.
Поради сето ова, УЕФА превентивно го забрани доаѓањето на гостинските навивачи.
Дуелот меѓу АЕК Атина и Динамо Загреб ќе се игра вечерва (вторник) од 20.45 часот.