Младата женска репрезентација на Македонија попладнево ги продолжува натпреварите на ЕП за ракометари до 17 години во Подгорица.
Откако во првата фаза македонските ракометарки претрпеа три убедливи порази, во втората ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.
Црвено-жолтите се во групата 4, во која за противнички ќе ги имаат селекциите на Норвешка и Португалија.
Ви првиот натпревар од така-наречениот „Пресидент Куп’, македонските кадетки денеска ќе играат против Норвешка.
Натпреварот ќе започне од 13.30 часот, термин во кој и утре ќе го одиграа вториот натпревар против Португалија.
Селекциите на Романија и Норвешка во оваа група пренесоа по 2 бода, додека Македонија и Португалија почнуваат од нула.
Двете прво пласирани ќе разигруваат за пласман од 9 до 12 место, а трето и четврто рангираните од 13 до 16 место во конечниот поредок.