Младата женска репрезентација на Македонија го претрпе третиот пораз на Европското првенство за ракометарки до 17 години.
Во натпреварот од 3.коло на групата Д, македонските ракометари очекувано се поразен од фаворизираната Франција со 16 гола разлика.
Исходот беше јасен уште по првото полувреме во кое нашите ракометарки постигнаа само четири рола (04-15). Вториот дел беше чиста формалност во која противникот постепено ја зголемуваше предноста и на крајот славеше со убедливо 31-15.
И кога ќе изгубите со двојно поголема разлика во однос на постигнатото, тогаш секој дополнителен коментар за натпреварот е излишен.
Така Македонија со три убедливи порази ја заврши првата рунда по групи. Сега следува настапот во така-наречениот „Пресидент Куп“ во кој напите ракометарки ќе раздигуваат за пласман од 9 до 16 место.