Македонија ќе биде еден од домаќините на претстојното Европско првенство за одбојкари.
Скопје ќе ја има таа привилегија, но скопјани па и сите останати граѓани на Македонија вечерва заслужија најслаба оценка.
Македонските одбојкари пред речиси празни трибини го играат првиот контролен натпревар. Противник е Романија.
Можеби не атрактивен опонент, но срамно е што во СЦ ,,Јане Сандански” нема ниту 60-тина гледачи. Особено што влезот во салата е слободен.
Македонските одбојкари не го заслужуваат тоа. Напротив. Поддршката треба да ја имаат на секој свој настап.