Македонските одбојкари го добија првиот од 10-те контролни натпревари, што се дел од подготовките за ЕШ во Скопје.
Вечерва во ,,срамно” празната сала на ,,Јане Сандански” нашите одбојкари ја победија Романија со 3:1.
По израмнетиот стар, гостите со серија од три поени поведоа со 9-6. Ја одржуваа прерндо првиот тајм-аут, по што нашите одбојкари ја презедоа иницијативата. Имаше Македонија 5 предност (19-14), но во финишот на сетот Романците дојдоа на 1 негатива (22-23 и 23-24). Сепак избраниците на Јошко Миленковски не дозволија пресврт и го добија сетот со 25-23.
Вториот сет гостите го почнаа подобро и поведоа со 7-4. Имаа Романците и 16-8, но следуваше серијата на македонските одбојкари за израмнување на 16-16.
Сепак гостите не дозволија комплетен пресврт, па со две мини серии го приведоа сетот во своја полза со 25-21.
Првата просечна преднос во третиот сет ја направија нашите одбојкари, кога поведоа со 11-7. Влегоа во ритам избраниците на Миленковски, кои до водство од 2:1 во сетови стигнаа со 25-18.
Во третиот сет рано нашите одбојкари направија пет поени предност кои се покажаа како решавачки. Иако Романците стигнаа до 20-20, немаа сили за пресврт. Избраниците на Миленковски не го дозволија тоа, го добија сетот со 25-21, а со тоа и мечот со 3:1.
Следните три контролни натпревари македонските одбојкари ќе ги играат во Кавадарци од 10 до 13 август, против Јапонија и Израел (два меча).