Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија од денеска до 13 август ќе биде дел од Светското првенство за играчи до 19 години што се одржува во Хрватска. Македонија е дел од групата Ф, а на стартот попладнево во 17:30 часот игра со првиот фаворит во групата селекцијата на Норвешка. Во вториот дуел од групата Црна Гора игра против Грузија. Македонија во петок од 19:30часот игра против селекциата на Црна Гора, а во сабота е дуелот со Грузија. Во следната фаза репрезентациите од Е и Ф групата ќе вкрстат.
Ова е прво Светско првенство со 32 репрезентации кои се поделени во осум групи. Натпреварите од првата фаза ќе се играат во четири града: Вараждин, Копривница, Ријека и Опатија. Завршницата четвртфиналните, полуфиналните дуели и натпреварите за медали ќе се одиграат во Вараждин.
Двете првопласирани екипи од групите од првата фаза ќе формираат четири групи, а трето и четврто пласираните репрезентации ќе разигруваат за пласман од 17-32.место. Двете првопласирани селекции од главната фаза ќе се пласираат во четвртфиналето.
Распоред на групите:
А група: Хрватска, Португалија, Алжир, Руанда.
Б група: Унгарија, Словенија, Мароко, Нов Зеланд.
Ц група: Египет, Јапонија, Чешка, Исланд.
Д група: Бразил, Јужна Кореја, Шпанија, Бахреин.
Е група: Чиле, Австрија, Данска, Мексико.
Ф група: МАКЕДОНИЈА, Норвешка, Грузија, Црна Гора.
Г група: Аргентина, Германија, Саудиска Арабија, САД.
Х група: Шведска, Иран, Фарски острови, Бурунди.
Титулата од првенството во Македонија од 2019 година што се играше во Македонија ја брани селекцијата на Египет. Шест репрезентации се дебитанти на ова Светско првенство: Црна Гора, Фарски острови, Бурунди, Руанда и САД.
Сите актуелности поврзани со настапот на нашите ракометари на Мундијалот, како натпреварите кои ќе ги играат можете да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.