Македонскиот првак Струга Трил Лум се пласира во третата рунда од квалификациите за Конференциската лига.
Стружани и во реваншот од 2-то коло славеа против Будуќност. По охридските 1-0, сега на гости во Подгорица Струга ТЛ победи со 4-3. Најзаслужен за оваа победа беше Марјан Радески го забележа хет-трик.
Во раната фаза на натпреварот, а по два изведени корнери беа постигнати првите два гола, на обете страни.
Будуќност поведе уште во 7-та минута со прекрасниот гол со пета на Ѓуричковиќ. Но, радоста на домаќините не траеше долго. Веќе во 11-минута, по корнерот на спротивната страна, одличен скок на а Марјан Радески, кој со глава го совлада домашниот голман за 1-1.
Тој резултат беше актуелен се до судиското продолжение на првиот дел. Радески со својот втор гол во третата минута од доплнението (45+3) ја доведе Струга во водство од 2:1. Но, во деветтата минута (45+9), Аџиќ на ефектен начин од слободен удар го израмни резултатот.
Во вториот дел домаќините се обидуваа да стигнат до трет гол. Имаа неколку шанси за тоа, но не ги искористија. Следуваше непишаното правило и казната на спротивната страна.
По две брзи контри, Агим Ибраими (66) и Радески со својот трет гол (74) и донесоа победа на Струга. До крајот, Будуќност преку Секуловиќ (82) само го ублажи поразот (3-4).
Стружани во следната рунда за порови ќе го имаат тимот на Свифт Хеспер од Луксембург.
Првиот натпревар Струга ќе го игра пред домашната публика. Натпреварите од 3-тото квалификациско коло за Конференциската лига се закажани за 10 и 17 август.