Македонските кошаркари втора седмица ги одработуваат подготовките за олимписките пред-квалификации.
Ненад Димитријевиќ секако ќе биде еден од главните адути на нашиот национален состав на турнирот во Талин.
Димитриевиќ, кој ги прескокна претквалификациските средби за Евробаскетот 2025, верува дека Македонија е кадарна да го мина првиот турнир.
„Ги знаеме нивните квалитети, знаеме дека ќе играме против сериозни репрезентации. Со Естонија игравме во квалификациите за Европското првенство пред две години. Тоа е силна репрезентација, а ние се спремаме најдобро што можеме. Да пробаме да преминеме во следната рунда од натпреварите.
Целта е да запишеме две победи и да одиме во Полска. За тоа и се подготвуваме. Но ќе одиме од натпревар до натпревар. Мислам дека така е најпаметно да гледаме на работите. Потоа ќе се сконцентрираме на она што следува“, вели Димитриевиќ.
На турнирот во Талин од 12 до 15 август, Македонија за противници ќе ги има домаќинот Естонија, Израел и Чешка, а доколку се вброи на правците две позиции, тогаш нашата репрезентација ја очекува нов турнир во полскиот град Гљивице од 16 до 20 август.