Почетокот на втората седмица од подготовките за олимписките пред-квалификации македонската машка кошаркарска репрезентација.
На тимот му се приклучија Војдан Стојановски и Ненад Димитријевиќ. Вечерва во Скопје треба да пристигне и Ти-Џеј Шортс, уште еден од нашите големи адути.
Виктор Ефремовски кој се пожали на повреда, па селекторот Јончевски се одлучи да го приклучи Марко Миловановиќ. Дополнително во тимот беа повикани Андреј Андоновски и Петар Бошалевски кои не беше на поширокиот список на селекторот.
Во тренажен процес одново е и Теодор Симиќ, кој ги надмина здравствените проблеми, па во овој момент Јончевски на располагање има вкупно 11. кошаркари.
Повеќе од јасно е дека тие ќе го сочинуваат тимот за натпреварите во Талин, каде за противници ги имаме Чешка, Израел и Естонија.